корисник: лозинка:
топ
ЗА НАС - ДООЕЛ ИНТЕРПРОМ, управител: Начовска Наташа
Игротека Бамби - Битола
Игротеката БАМБИ може да се смета како пионир во организираното прославување на родендените на вашите најмили, започна со работа на 15.06.2005 најпрвин во просторија од 80 м2. Во текот на изминативе години игротеката БАМБИ, како плод на макотрпната работа и огромната посветеност во работата на нејзините вработени, растејки и таа заедно со вашите деца, денеска игротеката БАМБИ може да се пофали како една од водечките игротеки во нашиот град дека располага со простор од 120 м2, и оделена кујна, објектот е климатизиран и уреден во стил кој дава удобност и топлина. со капацитет од 50 гости кои се поделени во два дела, (деца и возрасни).

Персоналот на игротеката неуморно се грижи за сите гости со нагласено значење на славеникот се со цел да се чуствува посебно на овој за него посебен ден (роден ден), а со тоа дво-часовната прослава на роденденот на вашите деца во игротеката БАМБИ стануваат незаборавно доживување.

Покрај основните содржини кои секој дневно во изминативе пет години се усовршуваат, ви нуди можност единствена во градот во живо да го проследите големиот репертоар на куклени роденденски претстави со СЕЗНАЈКО (маскотата на БАМБИ), како и друженње и игра со МИКИ МАУС и ЗАЈКО БАЈКО. Подарочето од БАМБИ за секој славеник е секогаш најмало но најскапоцено, одберете сами кој да им го подари на вашето дете: БАМБИ; СЕЗНАЈКО; МИКИ или ЗАЈКО.

Исто така МИКИ МАУС; ЗАЈКО БАЈКО и СЕЗНАЈКО со своето театарче, ви стојат на располагање да ги повикате дома, во ресторан или друга игротека за да ви ја разбават забавата.

Игротеката БАМБИ се наоѓа на Ул. Стево Патако бр: 20 во близина на градската библиотека како што е прикажано на мапата.

location

Текстовите на куклените претстави, ги спрема : Кожинковска Зора

Погледнете ги исечоците на дел од претставите









Реализација на куклените театри:
Јанакиевска Фанче
Воспитувач во детска градинка

Кожинковска Зора
Автор на детска поезија и проза


Сакаш ли да дознаеш повеќе за Сезнајко
Кој е, што е, и од кај дојде
Прочитај
Ако сте ги прочитале книгите, гласајте за најдобрата.
за да гласате кликнете <тука>
СЛУЧАЈНО ИЗБРАНИ СЛАВЕНИЦИ
славеник
славеник
славеник
славеник
славеник
 

НОВО ВО БАМБИ
Igroteka Bambi se naoga na ul:Stevo Patako 43 odma nasproti starata lokacija.I od sega vo nov enterier i noviteti vo programata na rodendenite
 
Игротека Бамби Битола © Сите права задржани 2009 MADE BY IGOR JOSHEVSKI